"Сè што ни се случува е полезно за нас, а ние често се оптоваруваме со прашањата: зошто е ова така, не можеше ли да биде поинаку? Неопходно е да се поминат тие животни искушенија. Спокојно да ги проживееме непријатностите – ете тоа е училиште на животот."
* звучи успокојувачки 🙂
Егоистот мисли само за себе, а смирениот за сите. Тој во суштина е многу осамен човек, затоа што во неговото срце постои само неговото “Јас” и нема место за друг.
Кога ќе кажете дека не жалите за ништо во животот не знам дали сами се лажете или другите ги лажете. Јас на пример, жалам за секоја грешка и не знам како човек би можел да се поправи ако не жали за тоа што го згрешил?!
“Оние што глумат начитаност и образование, трпат поголема штета и стрес, измислената ��лика за себе да ја спасуваат и бранат, од оние, кои изградени со искуство и автентично сознание не се експонираат себеси, ниту се докажуваат или правдаат некому.“