Втори Август е датум кој не обединува и мотивира да продолжиме во духот на заедништвото и меѓусебна почит, свесни дека тоа е единствениот пат, кој води кон подобра и посигурна иднина.
Нека ни е честит и вековит 2 Август - Денот на Републиката!
Денес, кога го одбележуваме најславниот датум од македонската историја, двата Илиндена, 122 години од Илинденското востание 1903 и 81 година од Прво��о заседание на АСНОМ, се потсетуваме на револуционерното минато,
🔵Стоиме на прагот на еден нов почеток, отворајќи го овој современ спортски објект - симбол на нашата посветеност кон здравиот начин на живот, младите генерации и иднината на спортот во Куманово.
🏆Спортската сала не е само збир на бетон, челик и трибини, ова е место каде ќе се калат идни шампиони, каде младите ќе учат што значи дисциплина, посветеност и тимска работа. Место каде спортот ќе обединува, ќе гради карактер и ќе ги надминува сите разлики помеѓу нас.
🎯Нашата обврска не завршува сега, туку овде започнува. Да го чуваме овој спортски објект и да го користиме со љубов и одговорност. Да вложуваме и понатаму во спортот, затоа што инвестицијата во спорт е инвестиција во здравјето, образованието и иднината на нашите деца.
🏅Во женска категорија првите три места ги освоија Италија, Белгија и Велика Британија. Во машка категорија – Австрија, Франција и Велика Британија беа најуспешни.
🚴Во рамките на Европскиот младин��ки олимписки фестивал (EYOF) 2025, кој се спроведува во Скопје, Куманово и Осиек (Хрватска) од 20 до 26 јули 2025 година, денеска во нашиот град се одржа велосипедска друмска трка во кадетска машка и женска категорија.
🏁Трката е во организација на Европскиот олимписки комитет. Женската трка се одржа на релација Куманово – Челопек – Куманово во должина од 50 км, а машката трка на релација Куманово – Драгоманце – Куманово во должина од 60 км.
📈Годинешнава висока бројка на учесници, претставува своевиден рекорд, кој ги става на пиедасталот македонските клубови заедно со организаторите, покажувајќи завидно ниво на логистика и професионалност.
🚴♂️Во оваа категорија се ��атпреваруваа велосипедисти на возраст од 15-16 години и возеа на релација с. Пелинце – с. Челопек. Традиционалните олимписки натпревари во оваа категорија, се организираат по шеснаесетти пат на европско ниво.
На ��астанот беа изложени и ликовните творби на учениците од општински основни и средни училишта, кои учествуваа на ликовната работилница во ��ест на 24 Мај - Ден на словенските просветители Кирил и Методиј.
Денеска во Занаетчиски дом се одржа пригодна церемонија на доделување на награди и признанија за најдобрите просветни работници во Општината, во организација на Здружението на просветни работници Куманово.
Оваа година наградите во три категории ги понесоа:
Категорија А (Одделенска настава): Николина Милевска - ООУ „Кочо Рацин“
Категорија Б (Предметна настава): Даниела Стојановска - ООУ „Христијан Карпош“
Категорија В (Средно образование): Слаѓан Станковиќ - ОСТУ „Наце Буѓони“.
Во своето обраќање пред присутните ја потенцирав одговорната мисија на просветните работници, преку континуирано надградување на знаењата и вештините. Упатив благодарност за посветеноста и успешното справување со предизвиците во процесот на воспитно-образовната работа.