Итно! Семејство од Кавадарци болно од ковид немаат ниту сретства ниту можност да си купат храна. Денес им завршила сета храна која ја имале. Доколку некој од Кавадарци има можност и желба да им помогне пишете ни во ДМ.
Итно!Самохрана мајка со две дечиња има потреба од работа, со цел да ги покрие сите трошоци кои ги има. Доколку имате потреба од жена за чистење во Скопје ве молиме исконтактирајте не во ДМ.
Возам еднаш накај Преспа и тука некаде после бензинската Лукоил кај Битола гледам девојка стопира. Ај секако бев сам, викам ќе застанам. Здраво здраво до каде, вика до Дупени. Ја па на другава страна од езерото ама ај до Макази па ќе видиме од таму што како. Ок, влага, тргаме.