4011!!!
Денес го донираме компјутерот со реден број 4011.
За многу луѓе, тоа е само бројка. За нас ова се 4011 приказни.
Го претставува детето кое конечно може да посетува онлајн часови без да позајмува уред. Го претставува ученикот кој ја напишал својата прва домашна задача на својот компјутер. Ги претставува родителите кои за првпат почувствуваа дека нивното дете има исти можности како и сите други и дека не е заборавено. Пред десет години започнавме со една едноставна мисла: Дечки, имам една идеја ама не е ништо посебно. Започнавме со мислаа дека дека местото каде што се раѓа детето и колку пари заработуваат неговите родители никогаш не треба да ја одредуваат неговата иднина. Многумина ја сметаа идејата за смешна и невозможна. И сепак денес повеќе од четири илјади семејства низ цела Македонија можат да посведочат дека невозможните работи стануваат можни кога луѓето ќе одлучат да не го свртат погледот. Оваа иницијатива никогаш не била изградена врз големи буџети, грантови, политичка поддршка или големи ветувања. Изградена е врз хуманост. Изградена е од граѓани кои ги донираа своите стари компјутери наместо да ги фрлат. Изградена е со помош на повеќе од стотина волонтери кои го дадоа своето време, знаење, викенди и безброј часови неплатена работа. Изградена е од компании кои препознаа искреност, транспарентност и желба да се помогне секому. Сакам да изразам посебна благодарност до некои од луѓето и компаниите кои ја носеа оваа мисија на своите рамена од своите сами почетоци.
Како прво до граѓаните на Македонија, кои веруваа во нас од првиот ден.
До Neptun, коi ни ја стави целата своја логистичка мрежа на располагање, помагајќи ни да стигнеме до семејствата во секој агол од земјата.
До Dadi Kompani, кои месец за месец се погрижија трошоците за гориво никогаш да не нe' запрат.
До Ми Комерц 2000, што ни ги покрива нашите трошоци за патарина и овозможи илјадници километри хуманитарни испораки.
И до Андреева Консалтинг, што ни обезбедија сметководствени услуги бесплатно од самиот почеток!
Денешните стоечки овации одат токму за нив.
Морам да спомнам и еден друг момент.
Фактот дека иницијатива како нашата е неопходна треба да не загрижи сите нас и дека треба да ставиме прст на чело.
Затоа што пристапот до технологијата повеќе не треба да е луксуз. Тоа е пристап до образование. Тоа е пристап до знаење. Тоа е пристап до можности и ниедно дете во 2026 година не треба да биде оставено зад себе затоа што нема компјутер. Компјутерот број 4011 затоа е и прослава и потсетник. Прослава на она што граѓаните можат да постигнат кога се обединуваат околу заедничка цел. И потсетник дека нашата работа не е завршена. Затоа што во Македонија некаде се' уште има дете кое чека. Училиште кое не изведува настава поради недостаток на соодветна опрема. Болница која пролонгира или одложува третмани поради немање алат за работа. Сите тие чекаат можност и подобри времиња, а време за чекање нема.
Додека постојат такви деца, ученици, студенти, улчилишта, болници, ќе постои и #ДонирајКомпјутер
Затоа што нашата мисија никогаш не беа компјутерите. Нашата мисија е достоинство, еднаквост и фер шанса за секого. И видете ако мала група решителни луѓе успеале да променат повеќе од четири илјади животи, замислете што би можеле да постигнеме ако целото општество се движеше во иста насока.
Благодариме на секој донатор, секој волонтер, секоја компанија, секој пријател на оваа иницијатива. Ова достигнување ви припаѓа на сите вас.
А утре? Продолжуваме каде што застанавме. А застанавме овде:
3991, Скопје
3992, Скопје
3993, Кавадарци
3994, Кавадарци
3995, Неготино
3996, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
3997, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
3998, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
3999, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4000, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4001, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4002, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4003, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4004, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4005, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4006, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4007, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4008, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4009, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4010, ОУ Св. Кирил и Методиј - Битола
4011, Кавадарци
Ете другари, сега одиме на 5000! Споделете да видат сите, оваква вест досега во модерна Македонија се нема случено ❤️
Ќе додадеме еден член во договорите со јавните институции: доколку на примопредавањето или пуштањето во употреба на донација добиена од #ДонирајКомпјутер се појави било каков функционер, па макар тоа била секретарка или благајник или некој рандом неважен политички лик, донацијата ќе мора да ни ја вратите назад спакувана во рок од 48 часа и доставена до нашата работилница на ваш трошок 🤷♂️
Duality agency од 🏴Лондон одлучија да купат специјални креми за заздравување на рани од изгореници и лично да дојдат, да не посетат во Кочани и да ги донираат за повредените. 🙏❤️🩹
Пази сеа ова:
3736, 4 училишта во Јосифово
3737, 4 училишта во Јосифово
3738, 4 училишта во Јосифово
3739, 4 училишта во Јосифово
3740, 4 училишта во Јосифово
3741, 4 училишта во Јосифово
3742, 4 училишта во Јосифово
3743, 4 училишта во Јосифово
3744, 4 училишта во Јосифово
3745, 4 училишта во Јосифово
3746, 4 училишта во Јосифово
3747, 4 училишта во Јосифово
3748, 4 училишта во Јосифово
3749, 4 училишта во Јосифово
3750, 4 училишта во Јосифово
3751, 4 училишта во Јосифово
3752, 4 училишта во Јосифово
3753, 4 училишта во Јосифово
3754, 4 училишта во Јосифово
3755, 4 училишта во Јосифово
3756, 4 училишта во Јосифово
3757, 4 училишта во Јосифово
3758, 4 училишта во Јосифово
3759, 4 училишта во Јосифово
3760, 4 училишта во Јосифово
3761, 4 училишта во Јосифово
3762, 4 училишта во Јосифово
3763, 4 училишта во Јосифово
3764, 4 училишта во Јосифово
3765, 4 училишта во Јосифово
3766, 4 училишта во Јосифово
3767, 4 училишта во Јосифово
3768, 4 училишта во Јосифово
3769, 4 училишта во Јосифово
3770, 4 училишта во Јосифово
3771, 4 училишта во Јосифово
3772, 4 училишта во Јосифово
3773, 4 училишта во Јосифово
3774, 4 училишта во Јосифово
3775, 4 училишта во Јосифово
Со ова објавуваме дека опремивме 99 кабинети во државни училишта! Ова другари е вест која се споделува. Уредите ќе се испорачаат до крај на другата недела кога ќе почнеме да ја спремаме и опремата за нашето СТОТО училиште! Ма-ша-ла!! 🤩
#ДонирајКомпјутер
Ќе скратам колку можам, пошо превозбуден од бројкава. Дониравме 𝟯𝟱𝟬𝟮 компјутери еј! 𝟯𝟱𝟬𝟮!! Следните одат во:
3491, Скопје
3492, Битола
3493, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
3494, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
3495, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
3496, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
3497, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
3498, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
3499, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
3500, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
3501, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
3502, ОУ Александар Турунџев - Кукуречани
А мислев дека нема да стигнеме ни до 100! Ха! ❤️
#ДонирајКомпјутер
А денес имавме и состанок со маркетинг тимот на @NeptunMK . Договоривме нова кампања за да им покажеме на граѓаните каде и како се донира. Ќе имаме работилници каде на најмладите ќе им покажеме што е компјутер и како правилно се користи. Ќе имаме кратки едукативни видеа што правиме ние откако ќе го преземеме компјутерот/донацијата и како го припремаме за да го предадеме на новите сопственици. Ќе имаме забавни работилници каде децата ќе прават разни фигури од расипани делови. Ќе биде забавно да сте дел од #ДонирајКомпјутер. Следете не, ќе се дружиме ❤️
Едно благодариме за една Ирена, Мартин и Елена. Заедно, минатите неколку дена, ни донираа износ од вкупно 15000 денари. Со тие средства и со нешто од претходно веќе набавивме 20 адаптери за донацијата од 30 лаптопи за кои не добивме адаптери. Десет веќе имавме од претходни донации кои не сме успеале да ги поправиме, но си ги чуваме и ете се најдоа. Лаптопите веќе и го дадовме со последната тура. Ова го пишувам чисто ради транспарентност и да знаете каде одат средствата кои ги донирате на нашата сметка. Фала деци што не поддржувате на овој начин. Со оваков чекор, исто ко да сте купиле половен компјутер и лично сте му го однеле на некое детенце ❤️
#ДонирајКомпјутер