„Немој да се враќаш, се навикнувам да живеам без тебе. Немој да ми го нарушуваш мирот.“ — го кажа ова личноста што никогаш не сакаше мир, но знаеше дека така е подобро за двајцата.
Те сакав без да ти покажам ни малку колку ми значиш и што чувствувам за тебе. Сега, кога имаш некоја друга, ќе се обидам да те преболам без да покажам колку ме боли што те губам.
Ми фали она лето што го паметам по тебе —
утринските муабети,
попладневното кафе,
вечерното флертување,
скришните погледи…
и она едно „читај меѓу редови“
за никој да не примети, освен ти.