Од нови производи во Фет Кичен, профитероли со слаткарски крем и мармалад од јагоди и сезонската торта со боровинки и лимон. Деновиве нема да бидат на Волт и Корпа, поминете во Фет ако ви фаќаат око.
Банана лебот од Бреза.
На комшиска база ја почнавме соработката со Стефан и ептен ми е ќеиф што ова лепче оди само кај него.
Бреза веќе има голема публика, но јас ја посетувам уште од првите денови. Добро кафе, тревниците во Карпош 4, хамок на дрвата и нешто благо за душа.✌️
@chichko_stanco Да, истата количина секој ден.
За домашни потреби, добар ти е овој рецепт, да не трошиш многу брашно.
Rye Sourdough Starter (Easy Beginners Guide) - Cucina by Elena https://t.co/5f3bC886HX
@chichko_stanco 3/4 шоља ржано брашно и 1/2 шоља флаширана вода. Во стаклен сад, стаклен или пластичен капак. Една недела го храниш еднаш дневно, во исто време. Кога ќе помине мирисот на оцет/алкохол и почне да се дуплира 2-3 саати после хранење и мириса на ферментирано овошје, може да печеш.
Изборот на кикирики(несолени) наместо ореви во банана леб е секогаш добра идеја . Тие прават посвиленкаста текстура на лебот и го нагласуваат вкусот на бананите. Споен со богат матен ганаш и карамелизиран џем од сливи и црно чоколадо, ваков десерт е прослава сам по себе.
Fat Kitchen Bistro, The Dude Specialty Coffee, Rutina coffee house, Concept 37 и Пекарница Вршник се местата каде може да се најдат производите на Шеќерна. Од минатиот викенд, на мое големо задоволство, листата ја зголемивме на уште едно во Скопје, кафе Сена.
Се гледаме таму ✌️
После 11 саати работа да ви кажам дека денес има/имаше:
-ролнички со цимет, мафини со чоколадо и мафини со боровинки во Вршник Ѓорче и Вршник Тафталиџе;
-Л'ван колачиња во Дуд;
-колачиња со чоколадо и колачиња со мача во Рутина;
- мафини со боровинки во Концепт 37;
-Фет има све.
Милиброд со афион денес во Дуд.
Колачиња со млечно и црно чоколадо, колачиња со мача и бело чоколадо во Рутина.
Во Концепт 37 мафини со боровинки и лимон.