МЕРКАТА ИСТЕЧЕ, ОГРАНИЧУВАЊАТА ОСТАНУВААТ: Артан Груби излезе од куќен притвор, но не смее да го напушта Скопје, а пасошот му останува одземен. Синоќа поддржувачи на ДУИ го пречекаа во Чаир со факели и огномет. #АртанГруби#Скопје
Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Желјазко Радуков, беше повикан на разговор во МНР. Министерството го оцени пречекот на Ива Михајлова во Софија и најавите за нејзин прием на високо ниво како провокација. #Македонија#Бугарија
Лекување во Бугарија, враќањето неизвесно: Ива Михаилова вели дека засега не знае колку ќе остане таму. Таа и нејзиниот адвокат тврдат дека границата ја преминале легално. Судската постапка против неа во Македонија продолжува.
#Македонија#Бугарија
Свадбеното оро им донесе глоби: четворица возачи ќе се соочат со санкции поради попречување на сообраќајот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје. МВР соопшти дека ќе им бидат изречени законски глоби, но не го објави нивниот износ. #Скопје#Аеродром#Сообраќај
🇲🇰💸 МИЦКОСКИ ВЕТУВА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА ДО 2028 ГОДИНА. Во говорот рече дека целта е просечната плата да се приближи до таа сума до крајот на мандатот. Во јули просечната нето-плата изнесувала 48.499 денари, според ДЗС.
#Економија#Плати
https://t.co/Pn1DOnsmoS
ТЕНЗИИ ВО КУМАНОВО: Жителите ја блокираат депонијата „Краста“ поради пожарот и чадот што, според нив, траат со месеци. Со блокадата е запрено и депонирањето на отпадот. Градоначалникот Димитриевски влезе во расправија со присутните. #Куманово#Краста#Вести
@Alhemicharot1 Станува збор за наводи од полициски извори. МВР засега потврди само дека се спроведува внатрешна контрола, без официјални детали за правниот статус на двајцата млади.
Во продолжение на вчерашниот случај, „Подземје МК“ објави дека, според полициски извори, двајцата млади биле осомничени за продажба на дрога, а при бегството еден од нив наводно одзел службен пиштол и со возилото се превртеле. МВР спроведува контрола. #Скопје#МВР
При бегството, дрогата била исфрлена од возилото, кое потоа удрило во заштитна ограда и се превртело на автопатот Скопје–Тетово. Двајцата млади тврдат дека биле физички малтретирани, а ДУИ побара итна истрага.
Според објавените информации, лицето со иницијали Е.П. претходно било приведувано во случаи поврзани со дрога на 24 мај 2025, 13 октомври 2025 и 29 јануари 2026 година, како и на 19 август 2026 година за дело предвидено во член 297-а.
Грчката полиција повикува Македонци од Леринско и Воденско на распит по пријава за пеење македонски песни на прославата на Илинден во Овчарани. Случајот опфаќа 15 лица и две организации, а истрагата продолжува. #Македонци#ЕгејскаМакедонија#Вести
Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци и дека им бил оштетен автомобилот. МВР отвори внатрешна контрола за да се испита случајот.
#Скопје#МВР
Запленети околу 400 кубни метри огревно дрво во Скопје, со проценета вредност од околу 2 милиони денари. Истрагата упатува на организирана мрежа за нелегален превоз и продажба, а се проверува и можна вмешаност на службени лица.
#Скопје#Македонија#Вести
🔴 Пожарот во селото Павлиш Дол, Македонска Каменица, денеска е локализиран и изгаснат со брза интервенција на ТППЕ. Интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Од ТППЕ апелираат секој пожар веднаш да се пријави на 193 или 112.
По вчерашната сцена во центарот на Скопје, ново видео од Тафталиџе: лице со албанско знаме го насочува сообраќајот за да помине свадбена колона. Засега нема официјална потврда дали лицето било овластено да го регулира сообраќајот.
#Скопје#Вести#Тафталиџе
Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека двете серии на БСЖ-вакцината се искористени до јуни 2026 година, без документирани несакани ефекти. Во тек се дополнителни анализи, а вакцинацијата продолжува со поддршка од УНИЦЕФ.
#Здравство#Македонија
https://t.co/95zRocW8KH
Несекојдневна сцена во центарот на Скопје: според видеото, возач со автомобил украсен со албански знамиња се претставувал како полицаец и го блокирал сообраќајот во близина на Собранието.
#Скопје#Вести#Македонија