Ако мене ми се јадит и дома немат јадење ни под разно немат да излеза на ладното да си купа јадење, ама пошто мачорот јадит само ако некој стојт до него еве 15 минути се смрзнува надвор за да се најадит 🤡
Леле па овие дека девојчињата трчале по дибеци, манипулатори и насилници место по мирни момчиња. Никој нема да си го покаже правото лице у првите месеци/година, калмате Патрик Џејн!
Алкохол + опкружување од enablers = темпирана бомба.
Што сакате кажете, ама ако се претвора во друг човек кога пие и покажува агресија, не е банален проблем и само рекреативно пиење.
Чисто совет за сите девојки кои ме читаат, не, нема да се смени, колку и да е фин кога е трезен.
Итно ни треба регистар на насилници! Еден „урбан лик“ и фотограф пред неколку години ја намава другарка ми која му, даваше кров над глава и леб. И денес човеков е „фаца“ низ град, се мафта со млади девојчиња кои му се клањаат на креативноста, а уште живее паразитски на туѓ грб.