Не е сообраќајна несреќа пијан со 130 да возиш на Партизанска и не може случајно на 20 години без возачка да дивееш по улици и да не фермаш правила затоа што мислиш дека ти се може. Тоа е девијантно однесување и криминал за кое мора да има одговор и реакција.
Идејата беше и остана-Македонија! Кога некои се повлекуваа од страв или заради комодитет, други останаа верни на идејата и организацијата. Може да бидат и оспорувани, заборавени и не доволно ценети денес, ама историјата ќе го даде заслуженото место за секоја жртва за Македонија!
Ја искршиле плочата на Карпалак. Наместо паметник за жртвите денес таа е слика за примитивизмот на тие кои ја кршат. Ама и да ја нема, живее споменот на жртвите за Македонија. Слава им и нека почиваат во мир: Нане, Сашо, Бранко, Ердован, Веби, Горан, Марко, Љубе, Дарко и Пеце
Честа да ја претставува Македонија на Олимпијада, со исполнета норма ја заслужи на само 16 години. Ги нема условите и финансиската поддршка на конкурентите, но има истрајност, храброст, посветеност и љубов за Македонија!
Напред Никола, доаѓа твоето време! #николаѓуретановиќ
Еден цитат од најновата колумна на Бранко Героски @bgeroski кажува се што треба да имаме на ум во двете клучни среди што претсојат:
“А секој глас е важен.
Секој глас може да биде решавачки.
Секој глас е влог во промените што можат да донесат подобра иднина за оваа напатена земја”