ПРОТИВ ПРИРОДАТА НЕ СЕ МОЖЕ
Бугарашите можат да не признаваат историски и статистички податоци и да ги прогласуваат за фалсификати, НО ПРОТИВ ПРИРОДАТА и живото сведоштво на луѓето не може да се оди.
Вчера, на народната веселба во Егејска Македонија, и старо и младо зборува, игра и пее на македонски јазик. Ова е уште едно живо сведоштво против шашавата теза на бугарашите дека Тито ги создал Македонците во 1944 година иако гледаме дека постоеле пред Тито да бил и роден.
Имено, на ваквите собири може да се видат и луѓе родени во 1944 година, кои сведочат дека нивните родители, баби и дедовци, прадедовци и прабаби... отсекогаш биле САМО И ЕДИНСТВЕНО МАКЕДОНЦИ. Тоа сведоштвто со векови се пренесувало низ генерации, многу пред создавањето на современата македонска држава.
Па, што да се каже освен дека оние што упорно ја негираат македонската посебност и историја, треба сериозно да размислат за фактите и за сведоштвата на самите луѓе. Историјата не може да се избрише со политички тези, ниту пак идентитетот на еден народ може да се создаде или исчезне со туѓо толкување.
Затоа, најдобронамерно порачувам, време е да престанат македонските јаничари да ни прават проблем со пријателскиот бугарски народ кој е горд на своето татарско потекло.
ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО - ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ!
Во согласност со член 37 од Статутот на Единствена Македонија и Одлуката на Извршниот комитет, во сабота, 25 јули, со почеток во 18:30 часот, во Чешиново ќе се одржи Изборно собрание за избор на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Чешиново-Облешево, со мандат од четири години.
Единствена Македонија продолжува да биде отворена за секој со желба за политички активизам и доколку веруваш во Македонија и сакаш да придонесеш со својата енергија и идеи - добредојден си!
Приклучи се на Единствена Македонија!
Цела Македонија - Единствена Македонија!
КОЈ Е ПОСИЛЕН - ДРЖАВАТА ИЛИ МАФИЈАТА!?
По информациите дека Охридскиот Регион се соочува со сериозна опасност да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО, како и по барањето на Владата за шестгодишен период за исполнување на забелешките за заштита на регионот, Единствена Македонија бара итно и решително преземање конкретни мерки за расчистување на состојбите.
Како партија која се залага за заштита на националните интереси, владеење на правото и еднаков третман пред законите, бараме отворање постапка за конфискација на хотелскиот комплекс на Сашо Мијалков во Охрид.
Според укажувањата на повеќе граѓански организации и активисти од Охрид, спорните градби и урбанистичките интервенции се меѓу причините за загриженоста поврзана со заштитата на Охридскиот Регион. Тие го посочуваат токму хотелскиот комплекс на Сашо Мијалков како еден од најконтроверзните објекти поради градбата вон законските правила и неговото влијание врз заштитеното подрачје.
Единствена Македонија смета дека државата мора да покаже решителност и да докаже дека нема недопирливи поединци, без разлика на нивното политичко или економско влијание.
Конфискацијата на имот за кој ќе се утврди дека е стекнат спротивно на законските прописи не смее да биде условена од политички влијанија, ниту пак зависи од претходни законски измени кои овозможија застарување на дел од кривичните постапки поврзани со одредени лица.
Особено треба да се има предвид дека евентуалното постоење на застареност на конкретни кривични дела не значи автоматски дека не постојат други законски механизми за проверка на потеклото и законитоста на стекнатиот имот. Постапки за конфискација може да се разгледуваат согласно важечките закони и независно од исходот на одредена кривична постапка.
Ја повикуваме Владата, во периодот што го побара од УНЕСКО, да покаже дека има вистинска политичка волја за заштита на Охридскиот Регион и дека интересот на светското наследство е над интересите на поединци.
Најсилна порака до граѓаните и до меѓународната јавност би било државата да започне со расчистување на најспорните случаи како што е случајот со хотелот на Мијаков и да покаже дека законите важат еднакво за сите. Заштитата на Охрид и неговото светско наследство мора да биде над секој личен, бизнис или политички интерес.
👉 https://t.co/gv6qF22QGf
https://t.co/gYEM7ZYEBo
Од Единствена Македонија ги повикуваат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ доколку навистина се залагаат за фер Изборен законик, да го прифатат нивниот амандман за укинување на државното финансирање на политичките партии.
Тивко е на Ножот!
119 години од битката во атарот на селата Ракле и Никодин, Прилепско и херојската смрт на 77 македонски комити, особено на епската битка на врвот "Ножот" каде загинаа 54 комити од Костурско-Леринската чета во борба со турскиот аскер за слободна и независна Македонија.
Ја одбиле наредбата на своите војводи за повлекување сметајќи дека е несвојствено и нереволуционерно да се повлекуваат и влегуваат во нерамна битка со турскиот аскер.
На врвот „Ножот“ загинаа 54 млади македонски комити а последните седум за да не паднат живи во рацете на аскерот, со бомби си го одземаат животот разнесувајќи ги сопствените тела.
Битката на Ножот се случила на 14 јули 1907 година и ова е најголемата и најкрвавата битка на Македонската револуционерна организација после Илинденското востание.
Нека е вечен споменот!
https://t.co/CEKD5NCX4J
На сцената граѓаните гледаат кавга меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ЛЕВИЦА и ЗНАМ, но, зад кулисите се постигнува договор кој ги фаворизира овие партии и создава нерамноправни услови за останатите учесници во изборната трка.
Според предлог-моделот за финансирање на 20-дневната изборна кампања за вонредните парламентарни избори во 2027 година, веќе се договорија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН да добијат по околу 800.000 евра, додека Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра.
Во исто време, вонпарламентарните партии незаконски би биле ставени во иста категорија со независните листи, иако, според Единствена Македонија, станува збор за различни субјекти со различен статус во изборниот процес.
„Ова не е демократска конкуренција, туку создавање привилегирана политичка елита која со државни пари си обезбедува предност пред останатите учесници на изборите“, велат од Единствена Македонија.
Од партијата предупредуваат дека ваквиот модел директно ја ограничува можноста вонпарламентарни партии да ги претстават своите програми пред граѓаните, бидејќи финансиските услови стануваат клучен фактор во изборната кампања.
„Како една партија со 0 денари државно финансирање да се натпреварува со оние кои добиваат стотици илјади евра од парите на граѓаните?“, прашуваат од Единствена Македонија.
Како решение, партијата предлага или целосно еднакво државно финансирање за сите партии кои учествуваат на изборите, или целосно укинување на државното финансирање на изборните кампањи.
„Пари за избори – за сите или за никој. Нема демократија без еднакви услови“, порача Единствена Македонија.
https://t.co/CEKD5NCX4J
На сцената граѓаните гледаат кавга меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ЛЕВИЦА и ЗНАМ, но, зад кулисите се постигнува договор кој ги фаворизира овие партии и создава нерамноправни услови за останатите учесници во изборната трка.
Според предлог-моделот за финансирање на 20-дневната изборна кампања за вонредните парламентарни избори во 2027 година, веќе се договорија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН да добијат по околу 800.000 евра, додека Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра.
Во исто време, вонпарламентарните партии незаконски би биле ставени во иста категорија со независните листи, иако, според Единствена Македонија, станува збор за различни субјекти со различен статус во изборниот процес.
„Ова не е демократска конкуренција, туку создавање привилегирана политичка елита која со државни пари си обезбедува предност пред останатите учесници на изборите“, велат од Единствена Македонија.
Од партијата предупредуваат дека ваквиот модел директно ја ограничува можноста вонпарламентарни партии да ги претстават своите програми пред граѓаните, бидејќи финансиските услови стануваат клучен фактор во изборната кампања.
„Како една партија со 0 денари државно финансирање да се натпреварува со оние кои добиваат стотици илјади евра од парите на граѓаните?“, прашуваат од Единствена Македонија.
Како решение, партијата предлага или целосно еднакво државно финансирање за сите партии кои учествуваат на изборите, или целосно укинување на државното финансирање на изборните кампањи.
„Пари за избори – за сите или за никој. Нема демократија без еднакви услови“, порача Единствена Македонија.
Единствена Македонија доставува пет конкретни предлози за измени на Изборниот законик, откако премиерот Христијан Мицкоски вчера ги повика опозициските партии да дадат свои предлози за подобрување на изборниот процес.
Првиот предлог на Единствена Македонија е воведување целосно електронско гласање дома и во странство. Партијата смета дека со ова би се олеснил пристапот до избирачкото право и би се зголемила излезноста, која според нив влијае врз легитимитетот на изборните резултати.
Вториот предлог се однесува на рамноправно државно финансирање на сите учесници во изборниот процес во рамки на 20-дневната изборна кампања. Од партијата реагираат дека актуелниот модел создава нерамноправни услови, бидејќи најголемите парламентарни партии добиваат значителни средства од буџетот, додека вонпарламентарните партии се исклучени од финансирањето.
„Со постојното решение, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН би добиле околу 800.000 евра, Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра, а Единствена Македонија како вонпарламентарна партија би била исклучена од државното финансирање, иако станува збор за средства на сите граѓани“, наведуваат од партијата.
Третиот предлог е забрана за предизборни коалиции, со образложение дека коалицирањето треба да се прави по изборите, откако граѓаните ќе ја оценат реалната поддршка за секоја политичка партија со што се елиминираат таканаречените „крлеж партии“ кои пред секои избори менуваат политички блокови единствено заради остварување на лични интереси на т.н. лидери на овие човек-партии.
Четвртиот предлог се однесува на еднаков третман на сите политички партии на избирачките места. Единствена Македонија бара претставниците на сите партии на 3.480 избирачки места да имаат исти права и услови. Според партијата, моментално само претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на избирачките одбори добиваат дневници на денот на изборите исплатени од државниот буџет, додека другите партии сами ги покриваат трошоците.
Како петта точка, партијата предлага една изборна единица со изборен праг од 5 проценти. Според нив, ова би обезбедило еднаква вредност на секој глас и подобро усогласување меѓу освоените гласови и пратеничките мандати.
Од Единствена Македонија порачуваат дека целта треба да биде создавање изборен систем кој ќе гарантира фер натпревар, еднакви можности за сите политички субјекти и поголема доверба на граѓаните во изборниот процес.
Партијата очекува предлозите да бидат прифатени и вградени во новите измени на Изборниот законик.
👉 https://t.co/kEGHgVUTtV
МАРЕ СТОЈИЛОВА РЕИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ ШТИП
Во просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Штип за претседател на Општинскиот комитет Штип со нов четиригодишен мандат, повторно е избрана Маре Стојилова.
Во согласност со член 37 од Статутот на партијата, во тек е избор на претседатели на сите општински комитети на Единствена Македонија.
Овој изборен циклус носи и значајна новина - за првпат воведуваме можност за самокандидирање за претседатели на општинските комитети. Со тоа партијата се отвора за сите граѓани кои сакаат активно политички да се ангажираат и да придонесат во остварувањето на визијата и целите на Единствена Македонија. Секој заинтересиран може да достави намера за кандидатура по електронски пат на [email protected] или во инбокс на официјалната Фејсбук страница.
Но, во Штип не беше само избор - нашата Маре не воодушеви со македонската традиција и со многу љубов и посветеност лично подготви прекрасен коктел за присутните, збогатен со славеничка торта, како и традиционална македонска погача – гест што уште еднаш ја потврди нејзината гостопримливост, домаќински дух и почитување на македонските обичаи.
Приклучи се на Единствена Македонија!
Цела Македонија - Единствена Македонија!
ПОВИК ДО ШТИПЈАНИ - ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ
Во согласност со член 37 од Статутот на Единствена Македонија и Одлуката на Извршниот комитет, во понеделник, 06 јули, во 18:00 ч. во општинскиот штаб во Штип ќе се одржи Изборно собрание за раководство на Општинскиот комитет со нов мандат од 4 години.
Единствена Македонија продолжува да биде отворена за секој со желба за политички активизам и за таа цел Штипјани добредојдени сте.
Приклучи се на Единствена Македонија!
Цела Македонија - Единствена Македонија!
Забавата за јавноста околу Изборниот законик и наводните жестоки расправи за државното финансирање на изборната кампања продолжува.
Единствена Македонија апелира до граѓаните да не подлегнуваат на она што се прикажува како јавна кавга. Во позадина, според нас, оние што наводно се расправаат, веќе имаат постигнато договор за распределбата на средствата за изборната кампања.
Најодговорно тврдиме дека на следните вонредни парламентарни избори во пролет 2027 година, формулата за распределба на буџетските средства е веќе договорена: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН добиваат по околу 800.000 евра , Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра и останатите парламентарни партии без пратеничка група околу 200.000 евра. Сите, се задоволни во заднина, додека јавно гледаме божемни расправии.
Најзагрижувачки за демократијата е фактот што вонпарламентарните партии се исклучени од државното финансирање, со што, де факто, се укинува нивното политичко делување, иако станува збор за буџетски средства на сите граѓани.
Се продолжува 35-годишната практика според која во Македонија никогаш не се обезбедени целосно фер изборни услови, имајќи предвид дека финансирањето за медиумско претставување е клучен фактор за еднаков пристап до гласачите.
Поради тоа, неопходно е или еднакво финансирање и на парламентарните и на вонпарламентарните партии или укинување на ваквиот модел. Неприфатливо е да се глуми лудило во јавноста и привид на демократски процес, додека суштинските правила однапред се договараат.
Познатата изрека „дај му на народот леб и игри“ повторно добива своја примена во политичката практика.
Линк: https://t.co/YnPDin9m8n
Вечерва потпишав три значајни одлуки од седницата на Извршниот комитет на Единствена Македонија:
1. Започнуваат внатрепартиските избори
Согласно член 24 од Статутот на партијата и член 8 од Деловникот за работа на општинските комитети и задгранични комитети, започнува постапката за одржување Изборни собранија во сите општински комитети, на кои ќе бидат избрани новите општински комитети и претседатели со мандат од четири години.
2. Единствена Македонија се отвора за нови луѓе
Воведуваме можност за самокандидирање за претседатели и членови на општинските комитети и задгранични комитети во странство, отворајќи ја партијата за сите кои сакаат политички да се ангажираат и приклучат кон визијата и целта на партијата.
Секој заинтересиран може да достави намера за кандидатура по електронски пат на [email protected] или во инбокс на официјалната Фејсбук страница. По пријавувањето, секој кандидат ќе биде контактиран и поканет на разговор во седиштето на партијата.
3. Платформа за вонредните парламентарните избори
Започнуваме со изработка на Платформа за вонредните парламентарни избори кои споед наша проценка се планираат за пролета 2027 година. Овој документ ќе биде темелот на нашата политичка понуда и основа за соработка со политички партии, здруженија и поединци од земјата и странство. Платформата ќе биде отпечатена во 100.000 примероци и ќе биде дистрибуирана до граѓаните низ целата држава.
Време е да ги збиеме редовите околу Република Македонија, нашата земја, нашата татковина. Заедно да изградиме држава со која ќе се гордееме, држава што ќе биде почитувана во светот и сакана дома.
Вонредни избори догодина на пролет ќе има. Единствена Македонија отворена за секој со желба за политички активизам. Битката само заедно можеме да ја победиме. Да ги збиеме редовите...
Е*ЕЊЕ НА НАРОДОТ ВО ЗДРАВ МОЗОК
Се извинувам за вулгарниот наслов, но немам поблаги зборови.
Денеска прочитав дека државата ја одбила понудата на „Македонија турист“ да го купи хотелот „Јадран“. Хотелот има статус на објект од посебно културно значење и според законот најпрво мора да ѝ биде понуден на државата а после на други купувачи. Тоа е законска процедура и до тука нема ништо спорно.
Но, има едно големо АМА. Во криминалната приватизација бандитите од „Македонија турист“ ги украдоа хотелите „Јадран“ „Бристол“ „Белви“, Бест Вестерн Хотел Турист“, „Карпош“ и „Гранд, Холидеј Ин“.
И ДОАЃАМ ДО ПОЕНТАТА ЗА ДУПЕЊЕ НА НАРОДОТ ВО ЗДРАВ МОЗОК. БАНДИТИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈА ТУРИСТ“ ВО КРИМИНАЛНАТА ПРИВАТИЗАЦИЈА БЕЗ ДА ИЗВАДАТ ДЕНАР ОД ЏЕБ ГИ ОПЉАЧКАА ОД ДРЖАВАТА ХОТЕЛИТЕ И СЕГА, ПАЗЕТЕ ДОБРО, НА ИСТАТА ДРЖАВА И ГО ПРОДАВААТ ИСТИОТ ХОТЕЛ АМА СЕГА ОД ПОЗИЦИЈА НА ГАЗДИ.
Лудо е да го опљачкаш работниот народ кој 50 години во социјализмот со невиден ентузијазам го создаваше државниот/општествениот имот, но уште полудо е сега на истиот тој народ/држава да му го продаваш истиот хотел да ти го купи со буџетски/народни пари а претходно си го украл хотелот од истиот народ/држава.
И уште нешто. Лага е дека повеќе не им можат ништо, дека поминало многу време...не е точно. Има начин и јас знам можам, смеам како да се исправи неправдата од криминалната, нечесната и неморалната приватизација, во која беше опљачкан општествениот капитал, кој 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. И сето тоа ќе биде во согласност со Уставот и законот!
https://t.co/cvHZuiO092
Прашањето не е дали Максим лицемерот ја менува приказната и едно зборува денес, а друго правеше вчера. Прашањето е дали народот заборава!