🇲🇰📜 Пред скоро 800 години, во Охрид бил создаден Болоњскиот псалтир. Писарите Јосиф и Тихота оставиле трага што го поврзува со Охрид, а денес овој 8-вековен ракопис се чува во Болоња, Италија! 🇮🇹✨
Дел од нашата историја што го обиколи светот 🇲🇰❤️
#Охрид#Македонија#Болоња
„Св. Софија“ во Охрид е средновековен храм со фрески од XI век. Со векови биле покриени со малтер и вар; нивното откривање започнало во 1949 година. Денес храмот е меѓу највредните примери на византиската уметност во Охридскиот регион. ⛪ #Охрид#Историја#Култура
Кај Самуиловата тврдина се пронајдени антички керамички чаши со ѕвезда со 16 зраци (8 подолги и 8 пократки). Слични мотиви се среќаваат на македонски штитови и антички монети. Калапите укажуваат дека вакви чаши се изработувале во антички Лихнид. 🏺☀️ #Охрид#Историја#Македонија
Имав голема желба и ми се исполни пред два месеци да го видам. Навистина е чудо, град од пред две илјади години а урбанизиран како за следни пет. Штета што така настрадал.
Помпеја и Везув.
🇲🇰 Во Карабегомала, Охрид, во 1967 биле откриени две скулптури на египетската божица Изида. Мермерното торзо од II век пр.н.е. е мотив на банкнотата од 10 денари. Истражувачите претпоставуваат дека античката градба можеби била нејзино светилиште. #Охрид#Историја#Археологија
Охридскиот апостол е ракопис стар околу 900 години. 📜 Содржи 112 пергаментни листови со текстови од Делата и Посланијата на апостолите. Напишан е главно на кирилица, но содржи и глаголички букви, зборови и цели редови. Денес се чува во Москва. #Охрид#Историја
ТЕНЗИИ ВО КУМАНОВО: Жителите ја блокираат депонијата „Краста“ поради пожарот и чадот што, според нив, траат со месеци. Со блокадата е запрено и депонирањето на отпадот. Градоначалникот Димитриевски влезе во расправија со присутните. #Куманово#Краста#Вести
🇲🇰 Под Галичица се крие невидлива врска меѓу Преспанското и Охридското Езеро. Преспанската вода низ карпестото подземје стигнува до Свети Наум, а околу 40% од водата во изворите потекнува токму од Преспа. #Охрид#Преспа
🇲🇰 🏛️ Во Охрид се чува „Исус Христос на престол“ — единствената сочувана пренослива византиска мозаична икона од ваков вид во Македонија. Датира од XIV век и е голема 28,5 × 21 см. Од август 2026 е дел од постојаната поставка во Галеријата на икони. #Охрид#ВизантискаУметност
This vintage photograph appears to show Macedonian 🇲🇰refugee children (decca-begalci) from the Aegean part of Macedonia (Egejska Makedonija) housed at a children's home in Bela Crkva (Vojvodina, former Yugoslavia) around 1948 or the early 1950s
🇲🇰 Во близина на гробот №132 кај Горна Порта во Охрид била откриена гробница со шест воини од древниот Лихнид. Со нив биле погребани шлемови, мечеви, штитови, копја и богато украсена воена опрема. На еден шлем бил зачуван натписот „TEITIOS FILOKSENOS“. ⚔️ #Охрид#Археологија
На 30 септември 2002 година, во истата некропола со 147 гробови, бил откриен и гробот №132. Во него биле пронајдени златна маска, златна ракавица со прстен, сребрени сандали, сребрена количка и златни пекторали. Меѓу наодите имало и монета „Лихнидион“.