@borokitanoski Нема да е така, србите ќе одат преку Бугарија, само оние под Ниш може ќе решат Мк да поминат. Така да, сами сме по границата, значи Кавадарци 😂
⚠️Повеќе од 70 лица во #Кочани имаат вакви или полоши изгореници по различни делови од телото. Објавата е од сензитивен карактер за да се види сериозноста на повредите и степенот на изгореници како и бројката на лица кои се соочуваат со вакви или слични повреди.
Не ги оставаме сами!
Супорт Кочани преку наменски донации обезбеди 40.000 € за изработка на компресивни силиконски протези/ракавици 🦵💪🫶за побрза регенерација на кожа, отстранување на лузни и заздравување од изгореници.
Две екипи од JUZO Германија, и Health2000 Бугарија викендов беа на лице место во #Кочани каде што земаа мерки на лицата повредени од пожарот со цел побрзо да им бидат изработени протезите. Една од овие протези чини од 800-1200 €, а некои од повредените ќе мораат да ги набавуваат и повеќекратно.
Од неодамна е отворена и сметка за наменски донации каде што со договор од компанијата или лицето кое ќе донира средствата ќе бидат наменети за одредена потреба на повредените на кои најмногу им е потребно.
Продолжете да бидете хумани!
❤️🩹Кочани не заборава!
Паркетот, оштетен.
Градот, ранет.
Срцата здрави, силни и полни со љубов.
Спортската сала "Сашо Лазарев - Чапо" во #Кочани беше премала да ги прими сите што дојдоа со солзи, срце и желба да помогнат, да оддадат почит и да покажат дека хуманоста е посилна од болката.
Хуманитарниот кошаркарски натпревар организоран од К.К. Баскет Дино за #Кочани беше гласен повик за надеж.❤️🩹
Спортот обединува, Заедно сме посилни💪
Здраво дечки! 👋
Дојдовме и овде на @X
Ние сме иницијатива создадена од хумани луѓе, за да им помогнеме на семејствата од #Кочани и 🇲🇰Македонија погодени од големата трагедија. ❤️🩹
Сакаме да шириме љубов, поддршка и надеж.
Ако сте во можност, помогнете со донација 🙏 – директно преку банкарски сметки на лицата кои се најмногу погодени преку нашата веб-страница: https://t.co/GH2AgYwrad
Секоја помош значи МНОГУ.
Да покажеме хуманост кога нај��еќе е потребно 🫶
Ве замолуваме за #RT