Продолжуваме со активности и заедно ќе ја изработиме победничката програмата за млади.
Воведуваме нови политички стандарди, креираме политики за сите млади за да обезбедиме Иднина за сите во Македонија!
Заврши саемот на проекти за млади организиран од #УМС!
За прв пат во Македонија политички подмладок започнува процес на пишување програма за млади, во која учество можат да земат СИТЕ млади. Затоа УМС е авангарда!
Денеска присуствував на саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на @UMS_VMRO@VMRO_DPMNE го брани и заштитува македонскиот народ, бидете горди што сте дел од УМС, сите твориме за едно големо семејство наречено Македонија.
Прв ден од политичкиот саем на проекти за млади организиран од #УМС!
Уште еднаш покажавме дека сме авангарда и дека ние сме тие кои наметнуваме нови трендови на младинската политичка сцена!
Благодарност до сите кои земавте учество!
Се гледаме утре во 14 часот во МОБ!
Дополнително на самиот настан сите присутни ќе можат да дискутираат за изложените проекти но и да предложат нови.
Биди дел од овој настан, биди дел од млади кои сакаат просперитет и бараат подобра иднина за сите во Македонија!
Се гледаме! 3/3
Сите нивни проблеми, предлози и идеи кои ги собиравме во текот на изминатите две недели ќе ги преточиме во проекти со решенија на 22.07 (сабота) и 23.07(недела), во Македонска опера и балет во Скопје. 2/3
#УМС денеска продолжи со својот карван "Иднина за сите во Македонија" во Битола.
На денешната агенда ни беа средношколците од Битола и битолскиот регион.
Карванот продолжува утре во Охрид!
Карванот на #УМС на ВМРО-ДПМНЕ, "Иднина за сите, во Македонија" денеска е во Куманово.
Со денешната агенда посебено значење им дадовме на културните работници.
Се гледаме утре во Битола!
На средба со хрватската државна секретарка за европски работи @AndrejaMetelko.
Истакнав дека за патот на Македонија во ЕУ треба да важат истите услови како и за сите членки досега, односно да важат Копенхагеншките критериуми, а не само за земјава да важат двојни стандарди.
Наскоро ќе заврши оваа голгота на студентите и на младите луѓе во Македонија бидејќи доаѓаат подобри времиња и луѓе кои што се грижат за младите во Македонија!
Денеска сме во Штип на средба со студенти во рамки на караванот "Иднина за сите во Македонија" во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако во минатото Штип важеше за модерен студентски град, во последниве неколку години сведоци сме на негрижата на СДСМ за студентите 1/х
кои немаат заковано ниту една шајка во студентските домови и подобрување на стандардите на студентите, едноставно СДСМ не успеаа ниту да го оддржуваат она што им го остави ВМРО-ДПМНЕ.
2/х
Млад човек во Долни Дисан се бори за хумани услови за живот, друг млад човек купува трговски центар, ама според Артан Груби едниов е мрзелив, а другиов амбициозен. #УМСTalks
На средбата со високите гости од Австрија, Чешка и Словачка се осврнавме на ситуациите во Македонија, поврзани со ЕУ.
При тоа, истакнавме дека пречка на патот на Македонија кон ЕУ, повеќе и од Бугарија, е корупцијата во највисоките ешалони на власта и невладеењето на правото.
👉 Започна караванот на #УМС „Иднина за сите, во Македонија“
👉 Во наредниот период ќе се сретнеме со млади луѓе од сите категории и ќе разговараме за прашања од сите сфери на општественото живеење. Затоа што сакаме да имаме иднина за сите во Македонија.
#БидиУМС
На средбата со амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клајн во Република Македонија се заблагодарив за несебичната поддршка и пријателски однос на Унгарија кон Македонија и го информирав за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот процес на државата.