@kalinbabusku Има, има, женски повеќегласни песни, инстант во транс те носат, а има и машки обреди со зурли и тапани на кои дефинитивно паѓаш во транс. Прекрасна ни е традицијата преку која сме комуницирале со природата. 😊
Денес остваривме значајнa средбa со раководството на „Казанчи Холдинг“, глобален енергетски гигант кој преку својот бренд „АКСА Енерџи“ е водечки инвеститор во одржлива енергија. Разговараме за изградба на когенеративни гасни централи со капацитет од 500MW, кои ќе произведуваат 4,1 TWh електрична и 720 GWh топлинска енергија годишно. Ова е единственото трајно решение за загадениот воздух, се друго е само ставање на проблемот под тепих.
Проектот вклучува и изградба на секундарна гасоводна и топловодна мрежа, со приклучоци за домаќинствата по цена од 0 денари, а природниот гас ќе биде значително поевтин од цените на берзите. Инвестицијата е проценета на над една милијарда евра и претставува клучен чекор кон зацврстување на нашата енергетска независност и сувереност.
Ова не е само проект за енергија, туку стратегија за иднината на Македонија, за поздрава животна средина, посилна економија и поголема стабилност. Разговорите продолжуваат и уверен сум дека наскоро ќе видиме конкретни чекори за реализација. Работиме за иднината на сите граѓани!
ФЗОМ #затебе.
ФЗОМ ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов во Македонија, кое ќе се врши во Градска општа болница 8-ми септември во Скопје.
Во минатото беше одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, без да се наведи каде е тоа. Минатата недела Владата побара тоа да се смени. ФЗО врз основ на препораките од Австрија и 8-ми септември, ќе одобри употреба на лекови неопходни за ваков тип на третман.
„ФЗОМ е сервис на граѓаните, на сите оние кои имаат потреба од здравствени услуги. Работиме на воспоставување јасни правила за да се намали можноста од неправилности и злоупотреби. За тоа ги анализираме констатираните проблеми во извештаите на Државниот завод за ревизија, како и поплаките на граѓаните“.
https://t.co/D9YcUnWQPW
Да тргнеме гордо и масовно на избирачките места, обединети, за нашите гласови најсилно да одекнат низ сите краишта на Македонија.
Заедно ќе изградиме иднина достојна за нашите аспирации.
Заедно ќе го напишеме следното поглавје од приказната за Македонија.
Заедно ќе победиме!
На покана на турската заедница од Македонија, имав особена чест да присуствувам на фестивалот Хид Бах Шен Фест( HID BAH ŞEN FEST) кој се одржува во селото Чалакли Валандово, а по повод празникот Хидрелез. Хидрелез 🌿 е празник кој го слави турското население...
Ние сме заедно ние сме насмеани. Знаеме дека нашите чекори се вистинските, демократските, на промените и реформите. А тие како секогаш кога некој си оди, почнаа да се расправаат. Стимулираат делби! Не дозволувајте да прават нови поделби! Не е време за делби! Време е за единство!
На ПЗ за изменување на Законот за патни исправи поднесен од ПГ на ВМРО-ДПМНЕ со кој ќе се решеше проблемот на сите граѓани кои се ЗАРОБЕНИ во сопствената држава, СДС и ДУИ гласаа ПРОТИВ!
ИДАТ ИЗБОРИ, НАРОДОТ ПАМЕТИ! ЈА ЗАРОБИВТЕ И ДРЖАВАТА И НАРОДОТ! 😡😡😡
#никогашнебилополошо
Путин го има истиот наратив кон Украина,
како што Бугарија зборува за Македонија.
Ако се борите со Путин за да ја заштитите Украина,
немојте да не условувате да ги прифатиме барањата на Бугарија.
Овековечен во македонската колективна меморија преку народните песни, Гоце Делчев е изворот на македонството, сржта на идејата за слободна и независна Македонија, а неговите мисли се уште ни даваат надеж за иднината.
Денес е убав ден, ден на Гоце.
https://t.co/9FUdbEgiRn