Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од разл��чни типови се вклучени исто така во работата, има и специјализирани машини, особено за подпатниците. Во број на ангажирани работници, некаде околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот.
Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените!
Седум години... изгубени.
Не беа само бројки, беа години во кои згаснуваа соништа. Во кои се гасеше светлината во очите на народот. Години во кои некој си играше со државата како со туѓа ствар. Со твојата мака, со твојата доверба.
Секој почеток е тежок. А секој нов почеток е уште потежок.
Зашто не почнуваш од нула, туку од минус. Од доверба што мора повторно да се заслужи.
Ги поставуваш столбовите одново, ги зајакнуваш носечките што со години биле дотраени, кршени, рушени.
Зашто без темели, нема иднина.
Затоа, оваа прва година беше најважната. Година во која не зборувавме, туку работевме.
Година во која не баравме изговори, туку влечевме први, болни, но нужни чекори. Темелите што ги поставивме стануваат основа на иднината која заеднички ја градиме.
Најдоброто допрва ќе се случи.
Она што сите го очекувавме. Она за кое бевме постојано разочарувани дека нема да дојде. Она што го заслужуваме и конечно, го градиме. Заедно!
Ова е твојата земја.
Ова е твоето време.
Времето на Македонија допрва доаѓа. Ги градиме темелит�� на промените!
Join us for an exclusive opportunity to experience a week in the life of @ZPesevska, Vice Chairwoman of the IWDU, President of the Women's Union in VMRO-DPMNE, and Member of Parliament in Macedonia.
#morewomenbetterpolitics#womeninpolitics
🎉👏 Félicitations à Mme Beti Stamenkoska-Trajkoska 🇲🇰, décorée Chevalier des Palmes Académiques 🇫🇷! Une reconnaissance méritée pour son engagement exceptionnel envers la promotion de la langue et culture françaises. 🌍📚 #PalmesAcademiques#Francophonie
Борбата дома е борба којашто ние ќе ја водиме, борба за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование, конкурентна економија, и тоа го правиме откако сме избрани како Влада, но таа борба за еден од нај малубројните народи во Европа, не е доволна. Треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои.
Затоа е многу важна врската којашто ја има татковината со Македонците надвор, да продолжи да се засили да биде уште посилна и да биде на повисоко ниво. Затоа сакам да ве убедам и покрај сите предизвици дома и покрај сите предатори коишто не сакаат Македонија да биде успешна и да успее и внатрешни и надворешни, оваа Влада, оваа генерација ќе ги потврди Илинденските идеали и ќе го продолжи делото на Илинденците за суверена, независна и демократска Македонија којашто ќе биде најбогата на Балканот!
Признание за сите припадници на Армијата, кои се ангажирани во гасење на пожарите во реонот на Пепелиште, Неготинско, кое е едно од критично зафатените подрачја со пожари. @ARM_mil_mk
Традиционална средба со Претседателката на државата на првиот работен ден од новата Влада. Да соработуваме за доброто на Македонија и користа на сите граѓани.
Денеска во Собрание ја поднесов Предлог програмата за работа на идната Влада предводена од @VMRO_DPMNE како мандатар на истата, поднесен е и списокот на членовите на идната Влада и нивните биографии.
Граѓаните очекуваат брзи резултати.
Честа е огромна да се одбележи создавањето на партијата која со своето постоење се вгради во создавањето на независна Република Македонија и над 30 години е сопатник низ сите премрежја, искушенија и големи радости, таги и прослави на нашата татковина.