@abajkovMKD@OpstinaKarpos Па тоа дрво е веќе обележано за сечење. Има на него со црвена боја С. Други пак, што се обележани со К, се за кастрење.
Така што, не сте морале ни да се јавувате, освен да прашате кога ќе се реализира планот
Ако имаш €1000 плата и добиеш покачување од €100 ќе имаш €1100 плата. Ако Германец има €5000 плата и добие покачување од €100 ќе има €5100 плата. Твојата плата се покачила за високи 10%, а на Германецот само 2%, односно твојата плата се покачила за пет пати повеќе од таа на Германецот.
Вака некако е објаснет растот на македонскиот БДП (бруто домашен производ) . Ајде да го објасниме ова со реални износи.
БДП по жител во Македонија е околу $10,000. Раст од 3.5% значи раст од $350. БДП по жител во ЕУ (просечен) е $50,000, раст од 1.5% значи раст од $750.
Што значи ова? Ова значи дека дури и кога нашиот раст на БДП изразен во % е двојно поголем од просечниот раст на БДП во ЕУ, реалниот раст на БДП во Македонија е повеќе од двојно помал од реалниот раст на БДП во ЕУ, односно јазот помеѓу нас и ЕУ и понатаму рапидно се зголемува.
Едноставно кажано, за да почне македонската економија, изразена преку БДП да почне да го намалува јазот со просечната економија на ЕУ, БДП треба да расте со стапка поголема од 7.5% под претпоставка стапката на раст во ЕУ да остане 1.5% или да се намали.