Вечерва не сме собрани овде само да одбележиме еден јубилеј. Не сме собрани само да прославиме 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Вечерва сме собрани да покажеме дека идејата која започна пред 36 години не само што опстана, туку денес е посилна од кога било. Таа идеја, тој наш сон отсекогаш бил и ќе остане. Вечерва сме собрани да покажеме дека нашата држава има повторно има енергија. Повторно има надеж, повторно има визија, повторно има народ кој верува во себе!
Мојата визија е да станеме држава на можности, а не на изговори. Држава во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите. Реформите што ги спроведуваме не се цел сами по себе. Тие се алатка за да создадеме посилна економија, повисоки плати, подобро образование, поквалитетно здравство и модерна инфраструктура. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Членови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, неопределени... Премногу надеж има во очите на нашите деца за да се откажеме од иднината што ја заслужуваат.
Затоа вечерва не зборуваме само за политика. Вечерва зборуваме за судбината на нашата генерација. Зборуваме за тоа дали ќе бидеме поколението кое ќе се жали или поколението кое ќе создава. Дали ќе бидеме луѓето кои ќе бараат виновници или луѓето кои ќе градат решенија. Дали ќе бидеме сведоци на времето или творци на времето.
Нека се слушне силно од Струмица!
Од Беласица до Шар Планина! Од Охрид до Делчево! Од Гевгелија до Куманово!
Една татковина! Една заедничка иднина!
И нека запомнат сите:
Народот е буден. Народот е исправен. Народот е решен.
А кога сме обединети, нема пречка што не може да се совлада, нема врв што не може да се достигне и нема сон што не може да стане реалност.
2018 и на почетокот на 2019 година, ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон.
Во тоа време имаше и отворени предлози од челниците на тогашната владејачка СДСМ, за укинување на името на ВМРО и тоа со закон. Замислете во 21 век.
Но, еве 8 години подоцна, историјата е добар учител, треба само да се постави прашањето: каде се тие, каде е ВМРО-ДПМНЕ?!
Денеска присуствував на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.
Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух.
Ние како Влада секогаш ќе бидеме на страната на бизнисот коишто секогаш се труди да направи повеќе.
Колку е поуспешен бизнисот толку е и државата поуспешна, тоа јас сум го кажал многупати, а колку е државата пак поуспешна тогаш и бизнисот е повреден, тоа е отприлика како двонасочна улица, така што за мене претставува чест и благодарност до сопственикот на објектот, овде за денеска што ме покани да свечено го отвориме овој објект.
Работна посета во Истанбул, Република Турција, за продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, привлекување нови инвестиции, унапредување на инфраструктурното поврзување, енергетската соработка и развојот на заеднички проекти од стратешко значење.
🇲🇰🤝🇹🇷
Денес остварив билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.
На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната.
Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.
Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на државата, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.
Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.
Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува.
Денеска присуствував на традиционалната средба на Унијата на ветерани во Манастирот „Пеленица“ во Драчево.
Настанот помина во духот на заедништво, почитување на вредностите што не обединуваат и пријатно дружење со долгогодишни пријатели и поддржувачи.
Чест ми беше што бев дел од оваа средба.
Денеска во Владата остваривме конструктивна средба со претставници на United Nations и UNFPA, на која разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и заедничките активности во области од заеднички интерес.
Во текот на средбата беа разменети мислења и идеи за идни иницијативи, со посебен акцент на одржливиот развој, институционалната соработка и поддршката на процесите што придонесуваат за подобра иднина за граѓаните.
Ја потврдивме заедничката заложба за продолжување на партнерството и унапредување на меѓусебната соработка во периодот што следува.
Денес во Владата заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков се сретнавме со македонската заедница во Србија. Состанокот помина во дух на конструктивен дијалог и заедничка визија за иднината.
Во фокусот беше испратена силна порака за обединување и сплотеност на Македонците во Србија . Беше истакната важноста од координирана и континуирана комуникација, при што Македонскиот национален совет ќе има улога на главен и синхронизиран канал за поврзување и застапување на интересите на заедницата.
Соговорниците се согласија дека само преку заедништво, взаемна поддршка и институционална координација може да се обезбеди посилен глас и подобра иднина за Македонците во Србија.
Средбата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 80 годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина.
🇲🇰🇪🇺 This morning, I met with representatives of EU Member States in the Council’s Working Party on Enlargement and Countries Negotiating Accession to the EU (COELA).
🔹 Reaffirmed the Government’s commitment to the European path, with a focus on delivering concrete reform results and full alignment with EU standards.
🔹 Presented progress on the reform agenda and ongoing institutional coordination.
🔹 Stressed the need for a clear, predictable and merit-based accession process as a shared interest.
Денеска присуствував на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.
Како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти и ќе сториме сè што е во нашата моќ ваков тип на проекти да бидат наше секојдневие.
За многу кратко време, ова е второ средно училиште во Тетово коешто е реконструирано и реновирано. Заедно со Општина Тетово, градиме уште две нови средни училишта овде во Општина Тетово.
Благодарност и до градоначалникот и до мнозинството во Советот, којшто ја поддржува работата на градоначалникот, до администрацијата, до Министерството, до колегите во Владата.
Денеска остварив работна средба со Советот на Странски инвеститори во Стопанската Комора на која се разгледуваа актуелни економски теми.
Имавме плодна и успешна дебата. За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада. Полека, но сигурно се движиме кон консолидирање и тоа во услови на исклучително големи глобални предизвици.
Колку е државата посилна, толку и бизнисот повеќе вреди, толку и имотот повеќе вреди, колку е бизнисот посилен, толку станува државата посилна, затоа е многу важно да имаме ликвиден бизнис, економија, таа економија да си ги врши навремено обврските кон државата и кон буџетот, со тие обврски и со солиден и ликвиден буџет ние ќе можеме да имаме повеќе капитални инвестиции, да имаме повеќе во здравството, да имаме повеќе во образованието, да имаме повеќе во земјоделието, повисоки пензии, повисоки плати.
Денес стоиме во тишина и со длабока почит пред една од најболните страници во нашата историја. Денес се сеќаваме на депортирањето на македонските Евреи, трагедија што засекогаш го обележа нашето колективно паметење.
Во март 1943 година, повеќе од седум илјади наши сограѓани, Евреи од Скопје, Битола и Штип беа насилно собрани, буквално киднапирани од своите домови, од своите семејства, од својот живот. Тие беа депортирани во логорот на смртта Треблинка, каде што нивните животи беа сурово прекинати.
Зад таа бројка стојат имиња, семејства, соништа, таленти, судбини. Стојат луѓе кои биле дел од ткивото на нашите градови, од трговијата, од културата, од духот на земјата. Со нивното исчезнување, нашата земја изгуби дел од својата душа.
Но, денес не се сеќаваме само на трагедијата. Се сеќаваме и на обврската. Обврската никогаш да не дозволиме омразата, антисемитизмот, расизмот и нетолеранцијата повторно да добијат место во нашите општества. Историјата нè учи дека злото почнува со збор, со предрасуда, со рамнодушност. А завршува со трагедии што го потресуваат човештвото.
Затоа денес, како држава и како општество, ја обновуваме нашата заклетва: дека ќе ја чуваме вистината, ќе го негуваме сеќавањето и ќе ја браниме човечката достоинственост. Нашата сила отсекогаш била во тоа што различните култури, религии и традиции живееле заедно, создавајќи заедничка иднина. Еврејската заедница оставила неизбришлива трага во историјата на оваа земја. Нејзиниот придонес во културата, образованието, стопанството и општествениот живот е дел од нашето заедничко наследство.
Денес, кога се сеќаваме на жртвите на Холокаустот, испраќаме јасна порака: Сеќавањето е наша морална должност и таа вистина треба да ја браниме по секоја цена, а борбата против омразата, наша историска одговорност.
Нека споменот на депортираните македонски Евреи биде вечен. Нека нивната трагедија биде опомена за сите генерации што доаѓаат.
Вечна им слава и вечен спомен.
Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство.
Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа.
Со преставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и дека не треба да има ново зголемување.
Продолжуваме да ја следиме состојбата и да интервенираме доколку има потреба за тоа. Најважен е интересот на граѓаните.
Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне.
Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Закон за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат (DNA механизам).
Тогаш, истата таа влада на СДС планираше и нова „еколошка“ такса со која цената на горивата дополнително ќе се зголемеа. За среќа, како опозиција тогаш успеавме да го блокираме тој закон.
Врвот на лицемерието на Филипче и СДС е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување.
За разлика од неодговорната опозиција која се обидува да сее страв и паника, денес имаме одговорна влада која работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот, со што ќе се амортизира ценовниот шок, и покрај реалноста дека глобалните движења на цените создаваат притисок за поскапување.
Мицкоски: Добивме јасен и недвосмислен одговор од британската дипломатија, лагите на СДС се распрснаа како меур од сапуница, договор за мигранти не постоел и не постои 👇
🔗https://t.co/ao6lFh1ipM